ФК Вардар утре ќе го одигра третиот пријателски натпревар на зимските подготовки во Анталија. Утре нашите момци силите ќе ги одмерат со тимот на Дукла Прага од Чешка. Според сите имиња на противниците овој натпревар се очекува да биде eден од најлесните за Вардар, ако може така да се нарече.
Тимот на Дукла Прага во моментов се наоѓа на единаесеттото место во првата Чешка лига во конкуренција на шеснаесет екипи. Дукла на шеснаесет првенствени натпревари во Чешката лига успеала да собере исто толку и бодови. Овој тим е составен главно од домашни играчи. Во шпицот на нападот Дукла Прага ги има интернационалците Манзиа од Конго, потоа Олаинка од Нигерија, кој сезонава има постигнато и четири погодоци, како и Шпанецот Нестор Роџер, кој е прв стрелец во тимот со пет погодоци.
Очекуваме еден интересен и динамичен натпревар. Се надеваме на прва победа на Вардар на зимските подготовки.