Голмански тренинг во младинските категории на фудбалскиот клуб Вардар под будното “око“ на тренерот Мане Манев. На вчерашниот тренинг работеа Филип Трајчевски, Малик Зибери, Крис Каев и Лука Наков. Мане Манев е тренер на голманите кај кадетите и младинците на ФК Вардар, човек кој во 2012 година беше дел од стручниот штаб на Македонската фудбалска репрезентација, кога на чело беше Чедомир Јаневски. Манев. Тој бара максимална посветеност и работа на тренинзите, а колку напорно е да се работи под негово водство знаат само Вардаровите голмани во овие категории.
Фоотографии од вчерашниот тренинг на голманите под водство на тренерот Манев.