Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Во сабота ни гостува Хераклеа, која доаѓа како “мелем на раните“ по двата неуспеха по ред за Вардар
КУГЛАЊЕ! Во сабота ни гостува Хераклеа, која доаѓа како “мелем на раните“ по двата неуспеха по ред за Вардар

КУГЛАЊЕ! Во сабота ни гостува Хераклеа, која доаѓа како “мелем на раните“ по двата неуспеха по ред за Вардар

Викендов продолжуваат возбудувањата во Македонската кугларска лига, на програмата е треттото пролетно или осмото коло во сезоната 2016/2017. Во истото црвено-црниот кугларски колектив во кугларницата “Мусандра“ во Градскиот трговски центар е домаќин на екипата која доаѓа од Битола тимот на КК Хераклеа.

Вардарци според распоредот две кола по ред се домаќини, минатото коло ни гостуваше КК ГТЦ Мусандра сега битолскиот кугларски колектив. Овој меч ни е шанса да се вратиме во “колосек“ по двата порази во првите воведни две кола оваа полусезона. Во дербито бевме очекува но поразени од шампионот Макпетрол, а во дуелот за втората позиција неочекувано високо не порази КК ГТЦ. Битолчани се надеваме дека ќе ни бидат “мелем на раната“ бидејќи досега секогаш во дуелите со нив остваруваме победи без разлика дали дома или пак на гости во Битола.

dragi

Лани двапати ги добивме во МКЛ и ги минавме во двомечот во Купот на Македонија. Во оваа сезона в гости триумфиравме откако   КК Вардар собори 3040 “дрва“, домаќините имаа 152 помалку односно 2888 “соборени дрва“. Ние победивме со 1-7 односно со 6,5-17,5 во сетови. Најистакнат кај нас беше искусниот Миле Димковски кој имаше подобар скор од сите помлади колеги впишувајќи зад своето име 543 “соборени дрва“. Второпласиран во нашиот тим на тој дуел беше Младен Донковски со скор од 526. Мечот се игра во сабота на 4ти фебруари со почеток во 11-00 часот. Половина час претходно ќе одиграат меч јуниорите на двата тима, дуото Митиќ на црвено-црните ќе атакува на три од три одкако во двете воведни кола забележа победи над врсниците од Макпетрол и КК ГТЦ. По седум одиграни кола избраниците на Драги Димитровски се трети со 8 бода, битолчани имаат 5 бода со меч помалку.