Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > (ФОТОГАЛЕРИЈА) Младинците на ФК Вардар под полна “пареа“ се подготвуваат за пролетниот дел од сезоната

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Младинците на ФК Вардар под полна “пареа“ се подготвуваат за пролетниот дел од сезоната

Младинците на фудбалскиот клуб  Вардар веќе петнаесеттина дена напорно тренираат и се подготвуваат за пролетниот дел од сезоната. Избраниците на Љупчо Марковски иако некомплетни сепак најрано започнаа со подготовките. Во овој дел од припремите тренерот може да смета на голманите Филип Трајчевски и Крис Каев, потоа Тодор Тодоровски, Берат Исмаил, Андреј Ричков, Дарко Додевски, Едис Хамзиќ, Теодор Димитровски иАлександар Најдоски. Со екипата тренира и Ацо Стојков кој сеуште е во потрага по нов клуб. Како што знаеме на подготовки со првиот тим во Анталија од младинскиот погон се Есмин Личина, Виктор Димков, Филип Стојчевски и новото засилување кое пристигна од екипата на Металург, тоа е Бојан Колевски. Во есеннскиот дел од сезоната се наоѓаме на првото место на табелата и се пласиравме во полуфиналето на купот. Нашата редакција беше присутна на вчерашниот тренинг на младинскиот состав и ви доловува фотографии од истиот.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18