Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Прес-конференција на ЖРК Вардар за саботниот натпревар против Мец

Прес-конференција на ЖРК Вардар за саботниот натпревар против Мец

После големата победа против Будуќност, екипата на ЖРК Вардар ја очекува нов натпревар во главната рунда од лигата на шампиони. Во сабота во спортскиот центар Јане Сандански ќе гостува екипата на Мец, натпревар кој ќе започне од 17:30 часот.

По тој повод нашиот шампион ќе одржи прес-конференција на која ќе ги сподели очекувањата од второт коло во новоформираната група 1, каде Вардарки се наоѓаат на врвот на табелата. Прес-конференција ќе ќе се одржи во четврток, 02.02.2017 година во 12 часот во прес – конференциската сала во СЦ „Јане Сандански”. Инаку екипата од Франција до пред одигрување на ова коло се наоѓа на четвртото место на табелата.