Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес и Стоилов: Сакаме да ја почнеме втората полусезона со победа

Гонзалес и Стоилов: Сакаме да ја почнеме втората полусезона со победа

Веќе зад нас е  СП во Франција, црвено-црните ги очекува сега натпревари  во СЕХА Газпром лигата. Прв противник во 2017 ни е Нексе, натпреварот против Нексе се игра во четврток во СЦ „Јане Сандански” со почеток во 17,45 часот. Овој дуел е  последен меч за нас пред домашната сезона во регуларниот дел од сезоната во регионалното натпреварување. По него имаме две гостувања,  ќе гостуваме кај Горење на 5 февруари и на 14 февруари на гости кај Извиѓач. На прес конфернцијата за дуелот кои следи Раул Гонзалес,  вели:

По долга пауза, ги почнуваме натпреварите од СЕХА лигата. Очекувам многу добар натпревар, многу интензивен. Ние сакаме да бидеме победници на лигата, а пред нас се три натпревари и треба да ги победиме на два ако го сакаме прво место. Ќе играме против Нексе, кои сега имаат нов тренер, и во натпреварот против Веспрем победија на гости. Тие играат многу добар ракомет. Од вчера почна да тренира цела екипа, освен Циндриќ, кој има пауза до утре. Но, потоа ќе ги имаме сите играчи и ќе одлучиме кој ќе игра. Немавме многу тренинзи во изминатиот период со целата екипа. Заедно сме од понеделникот, но очекувам да играме добро и треба да го искористиме времето и да се уиграме. Првиот тренинг може не беше како ние што сакаме да биде, но беше добар тренинг.

За првиот предизвик во оваа календарска година капитенот на екипата Стојанче Стоилов, вели :

Ова ќе биде прв натпревар по паузата и екипата долго време не била заедно, но тоа нема да биде проблем и мислам дека не треба тоа ништо да менува. Ние сме фаворитот во натпреварот, а играме и дома против Нексе. Тие се одлична екипа и ни правеле проблеми во минатото, но, играме дома. Сакаме да ја почнеме втората полусезона со победа и се надевам дека ќе го оствариме тоа.