Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Оренбург следен противник на Вардар
Оренбург следен противник на Вардар

Оренбург следен противник на Вардар

Вардарци утре ќе го одиграат и четвртиот пријателски дуел на подготовките во Словенија. За разлика од минатите три дуели кога нашиот тим играше против екипи од Словенија, овој пат ќе одигра дуел против Оренбург од Русија.

36137259_1880289115361671_13077380847370240_n

Оренбург е нов руски прволигаш откако изминатата сезона беше шампион во втората по ранг лига на Русија. Противникот на Вардар е составен воглавно од домашни играчи, со четири интернационалци. Се работи за еден искусен тим на кој капитен е 37-годишниот Андрејев.

Оренбург се проценува дека вреди нешто помалку од 10. милиони евра. Дали Вардар ќе го задржи ефектот без пораз и по овој натпревар, останува да видиме утре.