Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Кристијан Таневски: Оваа сезона е една од најуспешните на нашата генерација, тренерот Ане Андовски е доста заслужен за нашиот напредок и за сите успеси што ги постигнавме
Кристијан Таневски: Оваа сезона е една од најуспешните на нашата генерација, тренерот Ане Андовски е доста заслужен за нашиот напредок и за сите успеси што ги постигнавме

Кристијан Таневски: Оваа сезона е една од најуспешните на нашата генерација, тренерот Ане Андовски е доста заслужен за нашиот напредок и за сите успеси што ги постигнавме

Генерацијата на ФК Вардар родени “2005“ година и втор последователен пат успеа да стане шампион на Македонија, откако во големото финале ја совлада екипата на Академија Пандев (2:0). Оваа генерација предводена од Ане Андовски играше одлично во текот на целата сезона и на крајот заслужено се искачи на врвот. Дел од оваа шампионска генерација е Кристијан Таневски кој има свој придонес во освоеното прво место. Следното наше интервју е токму со стоперот на црвено-црните, кој ќе не запознае со неговите почетоци во фудбалот, за впечатоците од шампионската сезона и.т.тн.

1. Како се случи да започнете да играте фудбал, од каде произлезе желбата за овој спорт ?

-Желбата за фудбал ја добив од најрана возраст кога со постариот брат кој исто така тренира фудбал, секојдневно игравме на улица, а љубовта кон фудбалот ми ја всади татко ми кој ме носеше на игралиштето на фудбалскиот клуб Македонија Ѓ.П, кој се наоѓа во моја непосредна близина. Исто така секој викенд игравме фудбал на поранешните терени, каде што сега е Фудбалската Академија на Вардар. На тој начин фудбалот стана мој омилен спорт.

2. На колку години беше вашиот прв тренинг во кој клуб и кој беше првиот тренер од кој имавте можност да учите ?

-Почетоците ми беа на седум годишна возраст во фудбалскиот клуб Македонија Ѓ.П, а прв тренер кој ме упати во основите на фудбалската игра ми беше Филип Арсовски, кој подоцна стана тренер на младинската школа на ФК Вардар. Во Македонија Ѓ.П тренирав две години, а потоа на девет годишна возраст, на мое големо задоволство дојдов во Вардар, каде што генерацијата 2005 ја предводеше тренерот Зоран Петковски.

36033174_10212370524560157_4119657558589833216_n

3. Имавте успешна сезона, во која го одбранивте трофејот во детската лига и освоивте прво место на два силни меѓународни турнири. Една твоја оценка за сезоната која помина ?

-Оваа сезона е една од најуспешните на нашата генерација, затоа што убедливо ја освоивме лигата на Македонија, исто така освоивме два меѓународни турнири во Србија и Бугарија. Од играта сум презадоволен, уште повеќе што заедно со мојот тим одигравме многу добра сезона, и покажавме дека сме најдобриот тим во нашата генерација, а тоа го покажуваат и резултатите што ги постигнавме.

35362163_10212370439598033_1779304272404414464_n

4. Настапувате на позицијата стопер, на мечевите во детската лига. Дали мислите дека ова е вашето идеално место на теренот, или можете да се пронајдете и на друга позиција ?

-Стоперската позиција ја играм подолго време и одлично се снаоѓам, а многу добро ми одговара и карактерно, затоа што таа позиција бара смиреност и стабилност во играта. Мислам дека можам да се снајдам и на друга позиција, но тоа да го оставиме на тренерите, тие најдобро можат да проценат и одлучат, мое е само да ги исполнувам нивните задачи.

5. Имавте можност да настапите на неколку меѓународни турнири оваа сезона. Кој според вас беше најсилен и колку преку истите стекнувате искуство ?

-Оваа сезона настапивме на три меѓународни турнири, два во Бугарија и еден во Србија, од кои се вративме со два златни и еден сребрен медал. Сите беа подеднакво тешки со добри екипи од Србија, Бугарија, Грција, Украина, Белорусија и др, и за нас тие натпревари беа од големо искуство, и сигурно дека учеството на вакви турнири доста придонесува за нашиот развој и напредок.

35532644_1975879989130102_4803576266630365184_n

6. Кои фактори според вас се пресудни и најважни за еден млад играч да биде успешен и во иднина ?

-За еден млад играч да биде успешен, според мене пред се треба да има голема љубов према фудбалот и да има голема самодоверба, а со напорна работа и дисциплина, и со следење на советите на тренерот, успехот ќе биде неизбежен.

7. Сигурно дека имате свои идоли, од кои најмногу сакате да ги гледате и да учите од нив ?

-Од мали нозе сум се воодушевувал на фудбалските мајстории на Меси, кој според мене е еден од најдобрите и наједноставни фудбалери на светот. Според позицијата што ја играм, многу ми се допаѓа начинот на кој што игра Тиаго Силва од ПСЖ.

8. Вардар располага со Академија, каква што имаат и Европските клубови. Какви се условите за работа и дали нешто недостасува ?

-Условите што ги има фудбалската Академија на Вардар се одлични за развој на младите категории, можда и најдобри на балканот. Имаме фантастични услови за работа, само треба да сме дисциплинирани, напорно да работиме со нашите тренери и да ги следиме нивните инструкции. Среќни сме што Вардар како клуб ни ги има овозможено овие услови за работа, а ние треба да ги искористиме на најдобар можен начин.

vardarfans-naslovna-2-660x330

9.  Како ќе го опишете Ане Андовски како тренер и личност ?

-Тренерот Ане Андовски кој не превзема на почетокот на изминатата сезона, е одлична личност и голем професионалец во неговата работа. Целосно ни се посвети, и доста ангажирано, со напорна работа, несебично ни ги пренесе неговите фудбалски знаења. Сите од екипата сме задоволни од начинот на кој што не тренира, и на колективната и тимска игра на која што не научи. Тренерот Ане Андовски е доста заслужен за нашиот напредок и за сите успеси што ги постигнавме оваа сезона.

10. Дали Кристијан има некоја цел и желба која сака да ја исполни за во иднина ?

-Во иднина се гледам како еден од столбовите на стоперската позиција на првиот тим на Вардар, и на репрезентацијата на Македонија. Воедно тоа е и мојата желба што еден ден би сакал да ми се исполни. Без самодоверба нема високи дострели и резултати во фудбалот.

Звонко Ивановски