Младинците на РК Вардар станаа вицешампиони на Македонија за оваа натпреварувачка сезона. Избраниците на Чивлачки и Грчевски на завршниот турнир кој се одигра во спортската сала во населбата Автокоманда во големото финале беа поразени од екипата на Металург 2. Во регуларниот дел на сезона, црвено-црните беа дел од групата 1, во која го освоија првото место. Одигравме 13 натпревари, на кои имавме 12 победи и само 1 нерешен резултат. Постигнавме вкупно 465 голови, додека примивме 355 голови.
Ова се сите постигнати резултати за младинците на РК Вардар, во регуларниот дел од сезоната:
1 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П 47:28
2 коло: Вардар – КЛ-7 Струга 30:27
3 коло: Прилеп - Вардар 32:36
4 коло: Вардар – Металург 33:21
5 коло: Охрид 2013 – Вардар 24:40
6 коло: Вардар – Еурофарм Работник 41:20
7 коло: Пелистер – Вардар 29:29
8 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар 26:35
9 коло: КЛ-7 Струга - Вардар 26:27
10 коло: Вардар – Прилеп 36:30
11 коло: Металург – Вардар 26:32
12 коло: Вардар – Охрид 2013 38:33
13 коло: Еурофарм Работник – Вардар 33:41
На завршниот турнир се најдоа двете првопласирани екипи од двете групи. Во полфиналето, Вардар убедливо ја совлада екипата на ГРК Борец (26:18), додека во борбата за треофејот по голема борба бевме минимално поразени од домаќинот на овој Ф4 турнир, екипата на Металург 2, која славеше со резултат 23:21.