На Mедитеранските игри во Шпанија, покрај во другите спортови имаме вардарец и во борењето. Станува збор за Нуров Могамедгаџи, кој одлично ги стартуваше овие игри. Тој се бори во категоријата до 97 килограми, и е на дофат на медал на истите.
Во четвртфиналето го совлада борачот од Шпанија и си обезбеди минување во следната рунда. Нуров со високи 9:0 го совлада Родригез Руиз Антонио (Шпа). Тој во полуфиналната борба, вечерва се сретнува со турчинот Деде, победикот од овој дуел ќе се бори за “злато“, а поразениот за “бронза“. На Нуров му е потребна една победа за медал од преостанатите два меча, се надеваме познавајќи го неговиот квалитет и храбра борба дека ќе ни донесе злато.