Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Историја > Тим, статистика, стрелци на ФК Вардар во 1947/48 година

Тим, статистика, стрелци на ФК Вардар во 1947/48 година

ФК Вардар е формиран 1947 година. Првата година фудбалерите на Вардар се натпреварувале во првата лига на Југославија. (фото од екипата)

11020954_868307633226496_1513652329_n

Најпрвин за влез во првата Сојузна Лига, вардарци играле двомеч со Слога од Нови Сад.
Слога – Вардар 1:1
Вардар – Слога 2:1

Па така, Вардар се пласирал во I лига. Во најсилната лига и дебитантска сезона, Вардар од 10 екипи, завршил на 8 место со биланс од: 5 победи, 4 нерешени и 9 порази. = 14 бодови.

Највеќе настапи оваа сезона запишале: Кокиновски Васко (18) и Анте Андоновски (18). Најдобар стрелец бил Ѓорги Цинциевски со (9) голови и Јане Јаневски со (6) голови.

За прв пат во оваа сезона Вардар играл и меѓународни натпревари и не забележал ниту еден пораз, а одиграле вкупно пет натпревари.
Славија (Софија) – Вардар 0:0
Дерменџи (Џумаја) – Вардар 0:3
Вардар – Партизан (Тирана) 3:0
Вардар – Септември ( Софија) 4:0
Вардар – Септември ( Софија) 2:0