Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарци сепак на подготовки во Анталија
Вардарци сепак на подготовки во Анталија

Вардарци сепак на подготовки во Анталија

Сепак, ФК Вардар се поизвесно е дека ќе замине на подготовки и ова зимо во топлата Анталија – Турција. Поради лошата ситуација на државата Турција, од управата на ФК Вардар имало мало двоумење околу тоа каде ова зимо ФК Вардар ќе ги мине зимските подготовки. Сепак, Анталија треба и оваа година да биде база на црвено – црните. За мало потсетување, Вардарци и минатата зимска пауза ја искористија да заминат во топлата Анталија, која нуди одлични услови за тренинг и припреми пред пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ.

Останува да сочекаме и официјална потврда од клубот, кога и каде ќе се замине на зимски подготовки.