Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > 13 Вардарци повикани на подготовките за Е.П.
13 Вардарци  повикани на подготовките за Е.П.

13 Вардарци повикани на подготовките за Е.П.

За оваа година сите клупски обврски завршија за ракометарите на црвено-црниот машки колектив.  Сепак за повеќето од нив нема да има  бидејќи се дел од А-селекциите на  своите земји на новиот континенатален собир на најдобрите.

За пет различни репрезенации нашите момци се повикани за на Европското првенство во Полска-2016. Истото ќе се одржи  од 15-31 јануари. Вкупниот број на наши ракометари кои се повикани е дури 13. За нашата земја има повикани се тројца : Манасков, Стоилов и Лазаров. Исто по тројца имаат и селециите на  Шпанија и Русија, а по двајца ракометари повикаа селекциите на Хртватска и Србија . Ова е списокот на повиканите момци :

  • Македонија – Стојанче Стоилов, Филип Лазаров, Дејан Манасков
  • Русија – Данил Шишкарев, Тимур Дибиров, Сергеј Горбок
  • Хрватска – Игор Карачиќ, Лука Циндриќ
  • Србија – Илија Абутовиќ, Мијајло Марсениќ
  • Шпанија – Арпад Штербик, Хорхе Македа, Алекс Душебаев