Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар во сабота ги ,,пали моторите”
Вардар во сабота ги ,,пали моторите”

Вардар во сабота ги ,,пали моторите”

ФК Вардар во сабота ги ,,пали моторите” и означува старт на летните подготовки.

Александар Васоски на првата прозивка во сабота во базата во Хиподром ќе започне без сега веќе поранешните ,,црвено – црни” играчи Фелипе, Попов, Жуниор и Лира. Другите играчи се очекува да се појават на првиот собир.

Засега е познато само дека Вардар ќе тренира во Скопје една седмица, а потоа би требало да замине на главни подготовки во Словенија.

Како што е добро познато, Вардар нема да може да купува нови играчи во текот на целата нова сезона. Неколку млади играчи ќе бидат прекомандувани во првиот тим.