Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Нуров започнува против литванец во 1/8фин., следен ривал на ЕОИ во Минск му е олимпискиот, светски и европски првак Садулаев
Нуров започнува против литванец во 1/8фин., следен ривал на ЕОИ во Минск му е олимпискиот, светски и европски првак Садулаев
Нуров М.

Нуров започнува против литванец во 1/8фин., следен ривал на ЕОИ во Минск му е олимпискиот, светски и европски првак Садулаев

Денеска својот прв настап во Минск, Белорусија на вторите Европски Олимписки игри ќе го има вардарецот Магомедгаџи Нуров. Тој ќе биде битки во црвено-жолтиот македонски дрес во категоријата -97килограми (слободен стил).

Во осминфиналната „битка“ нашиот Нуров го очекува противник од Летонија, станува збор за Лукас Красаускас. Доколку го мине како што очекуваме ќе има тешка задача во 1/4-финалето. Популарниот „Руски тенк“, Садулаев кој е моментален европски, светски и олимписки првак ќе биде противник на црвено-црното момче. Што можеби е добро поради можноста за репасаж, бидејќи овој ривал секогаш завршува во финалните дуели за злато. Треба да се напомене дека има во нашата група уште еден силен ривал, станува збор за Хуштик од земјата домаќин, Белорусија.