Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Градско фудбалско дерби во 13.првенствено коло, Вардар за противник го има тимот на Работнички
Градско фудбалско дерби во 13.првенствено коло, Вардар за противник го има тимот на Работнички

Градско фудбалско дерби во 13.првенствено коло, Вардар за противник го има тимот на Работнички

Во сабота на програмата е градското дерби во првенството на младинските фудбалски категории, во 13 коло се среќаваат екипите на Вардар и Работнички. Пионерските екипи се домаќини на теренот на Академијата, додека кадетите и младинците гостуваат на теренот на Алумина.

Во помладата пионерска супер лига се среќаваат првиот на табелата, тимот на Рабоотнички и второпласираниот тим на Вардар. Противникот има три бода повеќе, а со евентуален триумф на Вардар двете екипи ќе се израмнат според бројот на освоени бодови на табелата. Првиот меч одигран во рамките на 4.коло минимално го доби тимот на Работнички кој на свој терен славеше со резултат 1:0, додека Вардар го елиминира истиов противник во рамките на 1/8 финалето од купот кога на теренот на Академијата, избраниците на Деспотовски славеа победа (2:1) и пласман во следната рунда од купот. Утрешниот дуел стартува од 10:00 часот.

Можност да се вратат на врвот на табелата во пионерската супер лига ќе имаат вардаровите пионери, само под услов да триумфираат на утрешното градско дерби. Веќе еднаш славеа избраниците на Кралевски и тоа на теренот на противникот кога со три голови во мрежата на Работнички успеавме да го добиеме дербито, додека противникот беше тој кој не елиминираше во националниот куп, после изведувањето на пенали. Триумф на Вардар и евентуален пораз на лидерот Академија Пандев кај Шкендија, ќе значи лидерска позиција за Вардар. Мечот стартува од 12:00 часот.

Кадетите на Вардар ќе се обидат да ја прекинат лошата серија на мечеви без победа, но ќе имаат тешка задача за освојување на трите бодови, на гостувањето кај Работнички, кој го доби првиот дуел на наш терен, кога “романтичарите„ во рамките на 4.коло излегоа како победници и славеа со резултат 0:2. Овој противник не елиминира и во 1/4 финалето од купот, кога по една победа им припадна на двата тима, но Работнички беше тимот кој беше поуспешен во овој двомеч. Мечот на Алумина во сабота ззапочнува од 11:00 часот.

Младинците на Вардар направија “кикс“ во минатото одложено коло и одиграа само 1:1 со екипата на Македонија Ѓ.П, што значеше и заостанување од пет бодови зад екипата на Шкендија. Дербито против Работнички ќе биде шанса да се вратиме на победите, но тоа нема да биде ни малку лесно, со оглед дека овие дерби мечеви секогаш носат неизвесност и голема борба за освојување на бодовите. Вардар го доби првиот домашен дуел, кога славевме победа со резултат 2:1. Натпреварот во младинската супер лига стартува во терминот од 13:00 часот.

Инаку ова е претпоследно коло во есенскиот дел од сезоната. Во следното кое е последно за оваа година, се среќаваме со екипата на Академија Пандев.