Европската куќа на ракометот (ЕХФ) делегира судиска двојка од Русија, за натпреварот против Келце.
Правдата на дуелот ќе ја делат Евгениј Зотин и Николај Володков. Оваа судиска двојка на повеќе наврати делеле правда во Скопје на тимот на Вардар и посебно на репрезентацијата на Македонија.
Очекуваме фер и коректно судење. Дуелот се игра утре, со почеток од 17 и 30 часот со директен тв пренос на Арена Спорт 2.