Од младите категории на ракометниот клуб Вардар овој викенд ќе бидат активни две генерации. Веќе се завршени првенствата во машката младинска и кадетска конкуренција и во женската пионерска и кадетска лига. Дуелот на младинките на ЖРК Вардар е одложен, а единствени првенствен дуел ќе играат пионерите, апак кадетите ќе одиграат меѓународен пријателски дуел.
Кадетите на Вардар предводени од Будимир и Станковски ќе бидат домаќини на тим од јужниот сосед, Грција. Станува збор за екипата на Вегиа со која имаат пријателски односни и веќе неколку заеднички средби. Мечот ќе се игра во сабота, 1.декември со почеток во 12-30 часот во малата сала при СЦ “Јане Сандански“-Скопје.
Пионерите на Вардар, предводени од Зоран Петковски- Зенга ќе играат против тимот на РК Аеродром во дуел од 5.коло во групата-1. Натпреварот се игра понеделник, 3.декември со почеток во 20-30 часот. На оваа средба ќе бидеме домаќини во големата сала при СЦ “Јане Сандански“.