Изгледа неверојатно.. Најголемиот фудбалски тим во нашава земја заборави да победува. Последен пат тимот на Вардар на победа се радувал на првенствен натпревар на домашен терен и тоа на 28 ноември минатата година, оттогаш па се до ден денес Вардар бележи само неуспеси.
Кризата започна по нерешениот резултат со Академија Пандев на гостински терен 0:0 одигран на 02 декември. Потоа следуваа пет контроли во Аланија каде Вардар не забележа ниту една единствена победа, а кризата да го достигне врвот беше и оној пораз исто така од Академија Пандев, овој пат на контролен дуел со 6:1. По овој резултат следуваа уште и поразите од Шкендија и Ренова во Тетово, за кризата да биде продлабочена на цели девет натпревари без победа (шест пријателски и три првенствени дуели).
Шанса Вардар да излезе од оваа голема криза и конечно да победи ќе ја има в недела, кога во Маџари гостува тимот на Македонија ЃП.