Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар загуби на последниот тест дуел
Вардар загуби на последниот тест дуел

Вардар загуби на последниот тест дуел

Вардар доживеа минимален пораз од 1-0 од екипата од Лесковац, Дубочица, тоа беше последниот подготвителен меч за црвено-црните одигран во Србија.

Фудбалерите на Вардар примија гол во 77. минута од мечот и го загубија дуелот со Дубочица од Лесковац.

По натпреварот вечерва Вардар се враќа во Скопје каде ќе ги продолжи подготовките за новата сезона во ПМФЛ.

Црвено-црните во првото коло кое на програмата е на 6. август гостуваат кај Брера Струмица.