Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (Фото) Вардар “летна” за Анталија

(Фото) Вардар “летна” за Анталија

ФК Вардар рано утринава замина на пат за Анталија – Турција каде ќе ја одработува втората фаза од зимските подготовки. Вардарци во 09 часот “летнаа” кон Турција. Вардаровата експедиција во Анталија ќе остане се до 11 февруари, односно ќе одигра пет контролни натпревари. Првиот е веќе во вторник против романскиот тим, екипата на Стеауа од Букурешт.

На пат за Анталија заминаа вкупно 26 фудбалери, заедно со целиот тим на стручниот штаб. И овие зимски подготовки со првиот тим заминаа и неколку играчи од младинските категории. Поради повреда во Скопје останаа Стефан Спировски и Јасир Асани. Овие двајца играчи ќе останат во Скопје се до рехабилитацијата. Тимот ќе биде сместен во хотелскиот комплекс „Каја Палацо“.

vardar
Списокот на фудбалери и на стручен штаб кој што ќе патува на подготовките во Анталија:

ГОЛМАНИ: Томе Пачовски, Филип Гачевски, Игор Алексовски

ОДБРАНА: Горан Попов, Бобан Грнчаров, Благоја Љамчевски, Хофханес Хамбарџумјан, Евгениј Новак, Бесир Демири, Дарко Глишиќ, Владица Брдаровски, Есмин Личина. 

СР. РЕД: Дамир Којашевиќ, Дарко Велковски, Никола Глигоров, Бобан Николов, Тигран Барсегјан, Хуан Фелипе, Влатко Грозданоски, Џамбул Џигаури, Филип Стојчевски, Виктор Димков. 

НАПАД: Дејан Блажевски, Џонатан Боарето, Петар Петковски, Бојан Колевски. 

СТРУЧЕН ШТАБ: Гоце Седлоски (шеф на стручен штаб), Александар Васоски (тренер), Александар Влахо (тренер), Саша Илиќ (тренер на голмани), Михајло Костиќ (кондициски тренер), Мимоза Малинкова (доктор), Ангеле Милевски, Јован Димовски, Тоше Трајковски (физиотерапевти).