Денес почна вториот викенд на зимскиот турнир “Еден живот-една љубов“ во малата сала при С.Ц “Јане Сандански“. Се одигра дуели кај најмладата категорија родени 2008 и 2009 година. Тие играа во мешани, машко-женски тимови. Полни трибини, детски џагор, интересен ракомет ни приредија најмалите вардарци. Тренери на екипите се познати мак.ракометни ликови Радуловиќ, Будимир, Чивлачки … На трибините беше голманот на РК Вардар, Арпад Штербик, а присутна беше и координаторката за млади категории легендарната Индира Кастратовиќ.
Home > ЖРК Вардар > (Фотогалерија) Најмладите вардарци генер.2008/09 почнаа со мечеви на зимскиот турнир