Утрово стартуваше вториот дел од зимскиот ракометен турнир, Вардар, еден живот една љубов, на кој ќе се натпреваруваат генерации родени 20004/05 и најмалите родени од 2006-09 година. Во женскиот дел кај генерација 20004/05 во големата сала на С.Ц. Јане Сандански се одиграа натпревари од првото коло во групата А, Б и В.
На првиот меч утрово од групата А се сретнаа екипите на РК Ангели и РК Опш.Кисела Вода-Вардар и истиот заврши со нерешен резултат. Во текот на целото прво полувреме се играше гол за гол и ниедна од двете екипи немаа поголема предност од еден гол. Сепак на полувреме тимот на Кисела Вода има минимална предност од 5:6. На старот на вториот дел, РК Ангели постигнува три последователни голови и се одлепува резултатски на 9:6. Сепак последните три голови на мечот им припаднаа на Кисела Вода за конечен резултат од 9:9. Единствено расположена кај тимот на Ангели беше Сара Грујоска која постигна 8 голови, додека кај Кисела Вода се истакна Михаела Тоневска.
Групата В ја отворија екипите на РК Ново Лисиче и РК Будимир, натпревар кој убедливо им припадна на Ново Лисиче. Избраничките на Марија Аврамовска беа убедливи на воведниот натпревар и славеа со убедливи 17:1. Самиот резултат говори за одразот на силите и ситуацијата на теренот. По првото полувреме, Ново Лисиче имаше водство од 8:0. Продолжи серијата и во вториот дел кога Ново Лисие зголеми на 11:0. Конечнот Будимир го запишува првиот гол за резултат 11:1. До крајот уште шест гола во мрежата на РК Будимир за конечен резултат од 17:1. Бојана Коцева беше најефикасна со 9 голови.
Вториот натпревар во групата В беше помеѓу екипите на РК Кастратовиќ-Вардар 2 и РК Филип. Овој меч заврши во корист на РК Кастратовиќ кој славеше високо со резултат 11:1. И тука победникот беше решен уште по првото полувреме кога избраничките на Здравка Дамовска имаа водство од 7:0.
Инаку на првиот гол Прилепчанки го постигнаа во второто полувреме. Доминација на РК Кастратовиќ во текот на целиот меч и заслужена победа. Калина Миленковска постигна 7 голови кај победничкиот тим.
На вториот натпревар од групата А се сретнаа екипите на РК Кастратовиќ 1 и РК Асови. Двете екипи реализираа во првите напади за 1:1, додека првото одлепување го прави РК Кастратовиќ кон поведува со 3:1. Во продолжение од првото полувреме, избраничките на Дамовска успеваат да направат серија од 6:2 и на полувреме да заминат со предност од 9:3.
РК Кастратовиќ продолжи со добрата игра и во второто полувреме кога стигна до двоцифрена предност од 13:3 на седум минути пред крајот на мечот. Конечниот резултат гласеше 16:4. Ива Младеновска постиган 6 голови.
Првото коло се одигра и во групата Б, каде се сретнаа екипите на РК Кале-Кичево и РК Вардар ДБ од Виница. Победник беше екипата на РК Кале која одигра одличен натпревар. Стартуваа со водство од 3:0. Имаа и предност од 5:1, но до крајот на првото полувреме, екипата од Виница го намали резултатот на 6:4. На стартот од вториот дел, РК Кале постигна два гола во серија за повторно да има предност од четири голови 8:4. Намали за момент РК Вардар ДБ на 8:5, но следи серија на Кале од 5:0 за највисоки 13:5. На крајот победата беше изразена со двоцифрена разлика од 16:6. Сара Стефаноска и Ева Димитриевска постигнаа по 5 голови.
Натпревар од групата Б на првото коло одиграа екипите на РК Вардар-Виница и РК Војнисон. Тука гледавме интересен натпревар, на кој на крајот со пресврт славеше екипата на Војнисон. Во текот на целото прво полувреме, екипата од Виница имаше водство, со 3:1, а највисокото беше 5:2. По првото полувреме РК Вардар-Виница имаше предност од 9:7.
Голем пад во играта на Виница во второто полувреме, дозволувајќи на екипата на Војнисон да направи серија од 0:4 и за прв пат да има водство од 9:11. Влеговме во интересна завршница се играше гол за гол. Вардар-Виница имаше напад за израмнување, но сепак не успеа да реализира. На крајот конечниот резултат галсеше 12:13. Наталија Максимовска со 4 голови беше најдобра кај победничкиот тим, додека на спротивната страна се истакна Сара Соколовска со 6 погодоци.