Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Резултати и извештаи од првото коло на зимскиот турнир, во машкиот дел кај генер. 2004/05

Резултати и извештаи од првото коло на зимскиот турнир, во машкиот дел кај генер. 2004/05

Утрово стартуваше вториот дел од зимскиот ракометен турнир, Вардар, еден живот една љубов, на кој ќе се натпреваруваат генерации родени 20004/05 и најмалите родени од 2006-09 година. Во машкиот дел кај генерација 20004/05 во спортската сала на О.У. Круме Кепески се одиграа натпревари од првото коло во групите А,Б, В и Г.

На првиот натпревар од групата Г се сретнаа екипите на РК Будимир и РК Ангели. Тука победата им припадна РК Ангели кои славеа со резултат 14:19. По првото полувреме резултатот беше нерешен (6:6). Ниедна од двете екипи немаа поголемо водство од еден гол разлика. Двете екипи се менуваа во водство, за на полувреме да се замине со резултат 6:6. Во првите пет минути од второто полувреме се играше израмнето до резултат 8:8, по што следи серија на РК Ангели од 0:5 за прва посериозна предност од 8:13. Оваа разлика се одржуваше до 22 минута кога резултатот беше 10:15, но екипата на Ангели прави нова серија и зголемува на највисоки 10:18, по што беше јасно кој ќе го добие натпреварот. До крајот РК Будимир го намали резултатот и мечот заврши со резултат 14:19. Петар Радев беше најефикасен кај победничкиот тим со 6 погодоци, кај РК Будимир се истакна Кирил Симоновски со 9 погодоци.

На вториот натпревар од групата Г се сретнаа екипите на РК Илинден и РК Балтепе, натпревар кој убедливо им припадна на Илинденци. Во првите минути резултатот беше израмнет на 1:1, за во следните пет минути, Илинден да направи серија 3:0 и да зголеми на 4:1. До крајот на првото полувреме само го зголемуваа водството и на одмор се замина со резултат 7:4.Избраниците на Дарко Јанев продолжија со силното темпо на игра и во вториот дел кога направија голема серија од 7:0 за двоцифрени 14:4. Конечниот резултат гласеше 14:5. Петар Колевски постигна 10 гола кај РК Илинден.

Се одигра и првиот натпревар од групата В во рамките на првото коло, во него се сретнаа екипите на РК Карпош Вардар и РК Урдаревски Вардар. Натпреварот започна со гол на РК Карпош Вардар, потоа следуваше и брзо израмнување на натпреварот. На средина од првиот дел резултатот беше 5:3 за РК Карпош Вардар. На полувреме се замина со предност од два разлика 6:4 за тимот на РК Карпош Вардар. Вториот дел започна со гол на РК Урдаревски Вардар за намалување на предноста на Карпош на само еден погодок. На средината на вториот дел резултатот беше изедначен 8:8. Се до крајот на мечот се играше многу изедначен натпревар. На крај, победи тимот на РК Карпош Вардар со резултат 12:9.

Се одигра и вториот натпревар од групата В помеѓу екипата на РК Кисела Вода Вардар и РК Виница Вардар. Овој натпревар го доби тимот на РК Виница Вардар со резултат 13:7 (6:1). Натпреварот започна со серија од два погодоци на тимот на РК Виница Вардар. Потоа овој тим постигна уште два брзи погодоци за веќе 4:0. До крајот на првиот дел РК Вардар Виница постигна уште два погодоци за вкупно шест, додека пак тимот на РК Кисела Вода Вардар постигна само еден погодок за 15 минути. Вториот дел започна со погодок на РК Кисела Вода Вардар, но одма потоа и тимот од Виница постигна погодок за 7:2. РК Кисела Вода Вардар во вториот дел одигра подобар ракомет од првиот дел и постигна вкупно шест погодоци. На крај, тимот на РК Вардар Виница се радуваше на победа издвојувана со резултат 13:7.

Во спортскиот рекреативен центар Кале се одиграа натпревари во истава генерација, но во рамките на групите А и Б и беа постигнати следниве резултати:

РК Вардар ДБ–РК Драчево Вардар  10:6    (група Б)
ГРК Гостивар Вардар – РК Филип Вардар  15:7  (група Б)
РК Асови Вардар – РК Шампион Вардар  3:7    (група А)
РК Бисинов Вардар – РК Бутел Вардар  12:3    (група Б)

Денес продолжуваат и натпреаврите од второто коло во машкиот дел кај истава возрасна генерација.