Како наближува крајот во сите шампионати, така и Вардар започнува да ги збогатува своите витрини со нови титули, овој пат од натпреварувачката сезона 2015/16. Минатата сезона Вардар имаше успешна сезона кога се во прашање трофеите, а оваа сезона очекуваме уште по ”плодна” надополнета со пехари од младите категории, кој минатата сезона недостасуваа во витрините.
Најпрвин, оваа сезона ФК Вардар донесе уште еден нов трофеј во витрините, ова беше љубилеен десетти трофеј за црвено – црните. Денеска нов трофеј донесоа исто така фудбалерите, но во младинските категории. Пионерите на Вардар во Куп финалето го совладаа тимот на ФК Милано со 3-1, и се погрижија за нова титула, втора оваа сезона во витрините на најтофениот клуб во земјава.
Овој викенд очекуваме нови трофеи да ни донесат ракометарите и ракометарките на Вардар во Купот на Македонија. И двете екипи овој викенд ги играат 1/2 финалните и финалните дуели во Охрид. Се надеваме дека овој викенд ќе добиеме уште два, нови трофеи.