Tuesday ,08 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > ПИОНЕРИТЕ НА ФК ВАРДАР СЕ ОСВОЈУВАЧИ НА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА
ПИОНЕРИТЕ НА ФК ВАРДАР СЕ ОСВОЈУВАЧИ НА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

ПИОНЕРИТЕ НА ФК ВАРДАР СЕ ОСВОЈУВАЧИ НА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

Денес на теренот на фудбалската федерација на Македонија се одигра големото финале од купот на Македонија, помеѓу пионерските екипи на Вардар и Милано.  Вардар успеа да победи со резултат 3:1 и да го освои купот на Македонија. Стрелци на головите беа Марко Ѓорѓиевски (2) и Саит Битиќи.

Вардар започна во следниов состав: Зибери, Петковски, Каркалашев, Ѓорѓиески, Рамиќ, Дарлишта, Адем, Ѓорѓиевски, Бериша, Битиќи и Пешевски.

Во првите пет минути од натпреварот без посериозни прилики, двете екипи претпазливи во своите обиди. Саит Битиќи беш наш најактивен играч на почетокот, се обидуваше да истрча во нападот и да направи некоја посериозна прилика, но противничките дефанзивци успешно го чуваа. Вардарци први со обидоа со слободен удар преку Јакуп Бериша кој шутираше, таа топка стигна најпрво до Ѓорѓиевски, па до Битиќи кој во завршниот удар слабо биеше. Црвено-црните ја презедоа иницијативата, имаа посед на топка и беа поконкретни во своите обиди. Прв удар и кон голот на Зибери од слободен удар нафрли во нашиот шеснаесетник екипата на Милано, еден од нивните играчи ја допре таа топка која заврши покрј нашиот гол. Повторно противникот се закани од корнер, со глава биеше еден од играчите на Милано, покрај голот на Зибери.Најголемата прилика ја имавме преку Марко Ѓорѓиевски, кој при една грешка на противничката одбрана доби топка од своите соиграчи и биеше, за малку покрај стативата на Милано. Пред постигнувањето на погодокот имавме уште една прилика, Кренарт Дардлиша од десната страна упати една топка во противничкиот шеснаесетник, но на време исфрлаат во корнер дефанзивците на Милано. Конечно иницијативата ја претвараме во погодок, стрелец на голот Марко Ѓорѓиевски кој не греши повторно и ја смести топката во голот на Милано. Сепак нашата радост не траеше долго време. Милано успева речиси во последната минута од првото полувреме да постигне гол и да го израмни резултатот на 1:1, што беше и конечен по првото полувреме.

Прв удар во вториот дел за екипата на Милано од слободен удар, имавме среќа бидејќи топката одеше блиску до нашиот гол. Црвено-црните се поактивни на стартот на второто полувреме, се обидувавме да направиме нешто повече преку брзите Дардлиша и Адем. Екипата од Куманово имаше прилика да поведе, но пречката од голот на Зибери беше наш сојузник во овој момент. Голема радост за Вардар, кој успева да поведе со голот на Саит Битиќи кој најумешно се снајде во противничкиот простор и ја сместува топката во голот на Милано, за повторно да стигнеме во водство од 2:1. Поништен гол за Вардар во офсајд позиција беше стрелецот на вториот гол. Грешка на нашата последна дефанзивна линија, стигна една топка до играчот на Милано, овој без размислување бие од прва, покрај голот на Зибери. Нов гол за Вардар за водство од 3:1. Марко Ѓорѓиевски става точка на ова финале од купот. Започнавме акција од средината додадена топка напред, избегнавме офсајд позиција, Ѓорѓиевски избива сам со голманот се ослободува од него и ја сместува топката во мрежата за голема радост. Во последните пет минути напрвивме и неколку измени,со цел да го освежиме составот. До крајот резултатот остана непроменет. Пионерите на Вардар го освоија националниот куп.