Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Преглед на пролетниот дел од сезоната за генер. “2002“, само еден пораз со 47 постигнати голови
Преглед на пролетниот дел од сезоната за генер. “2002“, само еден пораз со 47 постигнати голови

Преглед на пролетниот дел од сезоната за генер. “2002“, само еден пораз со 47 постигнати голови

Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2002“ година го заврши регуларниот дел од детската лига на првото место на табелата. Со вкупно 16 победи, еден нерешен резултат и само еден пораз, оваа Вардарова генерација заврши убедливо на врвот во својата категорија.

Во пролетниот дел од регуларниот дел на сезоната, избраниците на Петар Ѓорѓиевски остварија седум победи, еден пораз и еден нерешен резултат. Единствениот неуспех дојде од екипата на Шкупи, додека во последното коло од регуларниот дел ремизиравме во дуелот со Скупи. Имавме победи изразени и со двоцифрен број на постигнати голови. Оваа генерација во овој дел од сезоната започна со нов тренер во името на Ѓорѓиевски, кој го замени Павел Неделковски, кој во моментов ја извршува функцијата на координатор во младинските категории (петлиња). Нашите млади надежи беа многу ефикасни во нападот постигнувајќи 47 голови, додека беа и беспрекорни во одбранбената линија, каде примија само четири погодоци. Екипата располага со одлични играчи и неблагодарно е да се издвојуваат поединци бидејќи тимот функционира како еден колектив. Почнувајќи од двата голмани Величковски и Станковски, со дефанзивната линија Костовски, Симев, Асенов и Ѓорѓиевски, во средината Давидовски и Трајановски и играчите одговорни за постигнување на голови, како Речица, Игнатов, Димитров и Фазлиу. Има тука уште многу играчи, кои подеднакво како и сите споменати одговараат на поставените задачи од тренерот Ѓорѓиевски. Утре стартува плејофот и натпревар со екипата на Куманово, кој ќе се одигра на терените на ФФМ од 17 часот.

Сите постигнати резултати на оваа генерација во пролетниот дел од сезоната:

Вардар – Сарај 14:0

Вардар – Нова Колонија  3:0

Вардар – Скупи  2:0

Вардар – Сарај  3:0  (службено)

Вардар – Шкупи  0:1

Вардар – Милано 10:2

Вардар- Кул 10:0

Вардар – Нова Колонија  4:0

Вардар – Скупи  1:1

Оваа генерација беше и есенски шампион со максимален број на освоени бодови.

Во завршните натпревари од детската лига постигнавме вкупно 18 а примивме 4 погодоци. Беа забележани четири победи и еден пораз. Елиминацискиот дел го започнавме убедливо со победа против Албарса а го финиширавме исто така со триумф против Скупи.

 Вардар – Албарса  5:2

Вардар – Скупи  3:0

Четвртфиналните и полуфиналните натпревари ги добивме без поголеми проблеми со високи победи и без примен погодок. Сепак во големото финале бевме минимално поразени од екипата на Академија Пандев. Второ вицешампионско место за генерација “2002“ на крајот од сезоната.

1/4 Вардар- Брегалница 5:0

1/2 Вардар – Гостивар  4:0

Финале: Вардар – Академија Пандев  1:2