Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Фк Вардар генер. “2002“ на убедлив начин стана есенски шампион во детската лига
Фк Вардар генер. “2002“ на убедлив начин стана есенски шампион во детската лига

Фк Вардар генер. “2002“ на убедлив начин стана есенски шампион во детската лига

Фк Вардар генерација “2002“ го заврши есенскиот дел од сезоната во детската лига убедливо на првото место без загубен натпревар, со вкупно девет победи. Еден дуел добивме со службен резултат, две кола беа одложени, додека еднаш бевме слободни. Гол разликата на крајот од првиот дел е импресивна, со вкупно 54 постигнати голови во противничките мрежи и само 3 примени. Имавме најубедлив триумф со резултта 16:0, додека на два наврати го победивме тимот на Шкупи од Чаир.

Ви ги презентираме сите нивни резултати во есенскиот дел од сезоната.

 

1 коло: Вардар- Скопско Поле  3:0 ( службено)

2 коло: Вардар- Шкупи  5:0

3 коло: Вардар- Милано  4:0

4 коло: Вардар- Кул 10:1

5 коло: слободни

6 коло: Вардар- Скупи  5:0

7 коло: одложено

8 коло: Вардар- Скопско Поле  16:0

9 коло: Вардар- Шкупи  3:1

10 коло: Вардар- Милано  2:1

11 коло: Вардар- Кул  6:0

12 коло: одложено.

Меѓу најефикасните играчи на оваа генерација се Дарко Димитров, Марио Илиевски и Леонид Игнатов.

vardarfans-2002-660x330

Фк Вардар генерација “2002“ која ја предводи тренерот Павел Неделковски беше победник на традиционалниот турнир во Кочани, кој се одржуваше по јубилејен 10-ти пат. Во финалниот меч се сретнавме со домаќинот, екипата на Кочани која ја совладавме со убедлив резултат од 5:0. Исто така беа дел од натпреварите во “Вардар Јуниор“ лигата.