Селекторот на Шпанската ракометна репрезентација Маноло Каденас денес го објави конечниот список на 18-те играчи на кои ќе може да смета за претстојното европско првенство во Полска. На оваа конечна листа се најдоа тројца ракометари од редовите на Вардар. Тоа се голманот Арпад Штербик и десните бекови Алекс Душебаев и Хорхе Македа.
Шпанија е во група заедно со репрезентациите на Словенија, Германија и Шведска. Ова се сите ракометари кои ќе настапат за Шпанската селекција на оовој мундијал:
Голмани: Арпад Штербик, Перез Де Варгас, Родриго Коралес
Крила: Гарсија Угалде, Виктор Томас, Валеро Ривера.
Лев бек: Виран Морос, Антонио Гарсиа
Среден бек: Раул Ентририос, Жоан Канелас, Нико Миндегиа, Хуан Арко Перез.
Десен бек: Едуардо Горбиндо, Алекс Душебаев, Хорхе Македа.
Пикер: Агинагалде, Баена и Гвардиола.