Во сабота со почеток од 17:30 часот во спортскиот центар Јане Сандански ќе започне втората рунда во групната фаза за нашиот женски ракометен шампион. Првиот предизвик за избраничките на Кастратовиќ и Питлик, доаѓа од бронзената Романија на последното СП, тоа е екипата на ЦСМ Букурешт.
-Секако дека не очекува еден тежок натпревар, бидејќи половина од девојките веќе подолг период не се во натпреварувачки ритам. Сигурно дека нема да биде лесно, но верувам дека целата екипа е желна за играње во лигата на шампиони и пред се во нашата арена Јане Сандански. Сметам дека нашата енергија, која пред се треба да дојде до израз во играта од одбраната, ќе ни донесе поголема сигурност и шанси за триумф како ќе се ближи овој дуел.
Романките одиграа одлично во првата групна фаза, пренесувајќи вкупно пет бодови, што ги сместува на второто место на табелата. Располагаат со неколку одлични ракометарки и интернационалки од неколку различни земји. Сепак Радичевиќ верува во својот тим.
Знаеме деке мораме да играме беспрекорно добро, бидејки противникот располага со голем квалитет на секоја позиција. Верувам во девојките и во победата, се чуствуваме добро и сигурна сум дека тоа ќе го покажеме во сабота, изјави Јованка Радичевиќ за нашиот сајт.
Звонко Ивановски