Нашиот шампион го одработува првиот тренинг во базата во Хиподром. На првиот тренинг денеска со екипата имаме и нов играч. Се работи за Адолфо Обрегон од Колумбија играч од нападот. Обрегон има 26 години и доаѓа на проба во Вардар. Минатата сезона го носел дресот на кипарскиот Етникос од Ахна, каде одиграл 11 натпревари и постигнал три погодоци. Покрај овој клуб има настапувано во кариерата и за ЦБЈ Кали и Бојака Чико, потоа боливиските Ла Паз и Насионал Потоси, тајландскиот Рачабури, бразилскиот Гуарани и катарската Ал-Рифа.
На првиот тренинг имаште уште три нови имиња, од младинскиот погон на Вардар. Тука беа: Ердон Даци Есмин Личина и Виктор Димков. Недостасуваа Николов, Хоф, Велковски и Петковски, кои добија одмор плус бидејќи играа за репрезентациите.