Вардарци денеска и официјално ги започнаа летните подготовки. На првиот тренинг денеска стручниот штаб заедно со тренерот Седлоски прозиваше. На првиот тренинг присустуваше новото име Адолфо Обрегон, додека пак ги немаше Хамбарџумјан, Фелипе, Николов, Велковски и Петковски. Овие играчи на тимот ќе му се приклучат в недела.
Денеска Вардар потврди и четири заминувања. Се работи за: Златко Таневски (одбрана), Филип Ивановски (напад), Артак Дашјан (средина) и Христијан Денковски (средина).
Таневски одигра 121 официјален натпревар, придодеде и 8 погодоци за Вардар, Таневски потекнуваше од фудбалската школа на Вардар. Филип Ивановски одигра 93 официјални натпревари во Вардар, а придодаде и 45 погодоци. Артак Дашјан, дојде во Вардар во 2014 година. Го носеше црвено – црниот дрес 43 пати, а постигна и седум погодоци. Христијан Денковски, одигра само еден натпревар за Вардар, дојде ова зимо.
Вардар Фанс им се заблагодарува на сите играчи за придонесот во црвено – црниот дрес, и им посакува успех во новите клубови.