Најмладата Вардарова генерација која се натпреваруваше во детската лига, момчиња родени “2007“ година успеаа да станат шампиони на Македонија во својата возрасна категорија. Избраниците на Томче Трајановски во текот на целата сезона имаа забележано повеќе од 43 победи, натпреварувајќи се со две екипи во лигата. На крајот заслужено нашите млади надежи го подигнаа трофејот за освоеното прво место. Беа постигнувани многу погодоци од страна на црвено-црните, кои беа офанзивно ориентирани на секој натпревар. Сите кои оваа сезона настапуваа за оваа генерација се заслужни за освоеното прво место и имаат свој удел во добрите игри и резултати. Три играчи со своите голгетерски способности и погодоци се издвоија на крајот од сезоната, според вкупниот број на постигнати голови. Најдобри стрелци за Вардаровата генерација “2007“ се Стефан Младеновски и Петар Мицевски, кои интересно имаат идентичен број на постигнати голови, или по 43 за двајцата.
Ова се тројцата најефикасни играчи за оваа генерација за натпреварувачката сезона 2015/16
1. Стефан Младеновски 43
2. Петар Мицевски 43
3. Борјан Томовски 32
Во однос на ефикасноста, тука треба да се споменат Марко Крстевски, Лука Атанасовски и Марко Киш. Сепак сите оставија свој “белег“ во добрите резултати и освоеното прво место на крајот од сезоната.