Фудбалскиот клуб Вардар стартуваше со подготовки за пролетниот дел од сезоната во Втората Лига-Запад, каде црвено-црните се наоѓаат на третото место на табелата.
Првиот дел од подготовките ќе биде во Скопје и акцент ќе биде ставено на физичкиот аспект додека на 24-ти јануари фудбалерите заминуваат во Анталија за вториот дел од подготовките каде што ќе се играат и контролни натпревари.
Сите фудбалери се максимално мотивирани и подготвени за исполнување на зацртаните цели за оваа сезона.