Денеска фудбалерите на Вардар ги стартуваа зимските подготовки за пролетниот дел од сезоната 2021/2022. На првиот тренинг во новата година се појавија и големите засилувања, а воедно и повратници во тимот, Филип Гачевски и Дарко Мицевски. И двајцата се фатија за работа уште на првиот тренинг на екипата.
Инаку, фудбалерите ќе работат во Скопје се до 24-ти јануари, кога е предвидено заминување за Анталија на главните подготовки пред стартот на пролетниот дел од шампионатот.
Сите фудбалери се максимално мотивирани и подготвени за исполнување на зацртаните цели за оваа полусезона.