Големиот Вардарец и фантастичен чувар на мрежата, Филип Гачевски и официјално се врати помеѓу стативите од голот на Вардар. Утринава популарниот Гача застана на голот на ,,црвено – црните” и го одработи првиот тренинг по враќањето во клубот каде што мина повеќе од пет години и запиша над 120 официјални натпревари како прв чувар на мрежата на тимот.
31-годишниот чувар на мрежата е огромно засилување за тимот кон враќањето во Првата лига. Гачевски несомнено дека ќе биде прв чувар на мрежата, а сега Илиќ паѓа во втор план и ќе биде неговата замена. Инаку да додадеме дека првиот тренинг помина во најдобар ред и дека во тимот како што известивме, се вклучени и уште неколку млади играчи кои ќе патуваат со тимот во Анталија.
Вардар во овој момент изгледа одлично со Блажевски, Петковски, Мицевски и Гачевски – лидерите на овој тим.