Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар стартуваше со тренинзи, во екипата се вклучени нови млади играчи
ФК Вардар стартуваше со тренинзи, во екипата се вклучени нови млади играчи

ФК Вардар стартуваше со тренинзи, во екипата се вклучени нови млади играчи

Фудбалскиот клуб Вардар стартуваше со подготовки за пролетниот дел од сезоната. Изминативе два дена екипата ги изврши потребните медицински прегледи, а денес го имаа првиот заеднички собир во новата година.

Шефот на стручниот штаб, Никола Глигоров повика и неколку играчи од младинската школа. Можност да тренира со првиот тим доби најмладиот Марио Ричков (2004) кој одигра одлична полусезона за младинците кои се лидери во лигата, едноставно Ричков беше незаменлив во стартниот состав. Тука е голманот Гоце Јовчев, како и напаѓачот Нијаз Јусуфи и двајцата се генерација 2003. Од почетокот на сезоната константно со екипата тренираа Филип Ѓоргиевски и Лука Стојковски, додека шанса добиваа и уште неколку млади играчи.

Радува веста дека во екипата се враќа и Петар Давидоски, играчот кој во месец август минатата година имаше оперативен зафат, откако имаше скинат преден вкрстен лигамент, кој го одалечи од терените. Давидоски ќе тренира по посебна програма, па ќе видиме како ќе тече неговото комплетно опоравување.