Wednesday ,30 September 2020
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарци започнуваат со два тренинга дневно
Вардарци започнуваат со два тренинга дневно

Вардарци започнуваат со два тренинга дневно

ФК Вардар завчера и официјално ги започна зимските подготовки. Нашите играчи завчера имаа полесен прв тренинг во својот комплекс во Хиподром. Од вчера вардаровите фудбалери започнаа со понапорни тренинзи, односно со два тренинга во еден ден.

Поради ниските температури и снежната покривка на теренот во Хиподром, вардарци вчера се решија да одработат еден тренинг во вежбалница, и еден во затворена сала со вештачка трева. И денеска тимот ќе одработи два тренинга по истиот редослед како и вчера.

Поради екстремно ниските температури тимот ќе тренира неколку денови по овој распоред.