Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Димитар Стоимов: Вардар е најдобриот клуб во Македонија,чест и задоволство ми е да играм во овој клуб
Димитар Стоимов: Вардар е најдобриот клуб во Македонија,чест и задоволство ми е да играм во овој клуб

Димитар Стоимов: Вардар е најдобриот клуб во Македонија,чест и задоволство ми е да играм во овој клуб

Димитар Стоимов настапува за екипата на Вардар (2) од генерација “2004“. Оваа надежна генерација на ФК Вардар стана есенски шампион во детската лига со двете свои екипи. Во првиот дел од сезоната Стоимов зад своето име има запишано шест погодоци. Неговата екипа забележа осум победи од исто толку одиграни натпревари. Се работи за одличен играч во кој има перспектива и потенцијал уште повеќе да напредува во неговата понатамошна играчка кариера. Во следново интервју ве запознаваме со Димитар Стоимов.

1. Кој ве потикна да играте фудбал и каде беа вашите први почетоци ?

- Желбата за фудбал ја добив откако мојот татко ми го купи првиот фудбал. Тоа беше кога имав три години. Од тогаш мојата желба е се поголема за да еден ден да станам познат фудбалер. Почнав да тренирам на шест години. Мојот прв клуб каде почнав да тренирам беше Работнички, а мои први тренери беа Зоран Петковски и Баже Лазаревски.

2. Како ја видовте изминатата полусезона, во која станавте есенси шампион со вашата генерација ?

-Презадоволен сум од изминатава полусезона, бидејќи немаме ниту еден пораз. Одигравме одлично и сме есенски шампиони, со максимален број на освоени бодови. На секој натпревар бевме доминантни од противниците и ја игравме нашата препознатлива игра. Не дозволувавме многу шанси кон нашиот гол, наспроти нас кој констатно ја напаѓаме половината на противникот и создаваме голем број на шанси.

15942089_1401486133219131_1671713866_n

3. Оваа сезона работите со Ане Андовски. Како е да се работи со ваков тренер ?

-Новата натпреварувачка сезона ја започнавме со тренерот Ане Андовски, кој е многу добар тренер. Очигледен е напредокот на оваа Вардарова генерација по неговото преземемање, за тоа говорат резултатите од есенскиот дел на сезоната.

4. Што претставува за вас играњето во Вардар ?

-Вардар за мене е најдобриот клуб во Македонија,чест и задоволство ми е да играм во овој клуб. 

5. Едно ваше кратко мислење за проектот “Јуниор“ лига ?

-“Јуниор лигата“ за мене претставува предизвик, каде можам да ги покажам моите способности и преку лигата можат да се откријат талентите што ги поседуваме ние децата-фудбалери.

6. Кои се очекувањата за пролетниот дел од сезоната во детската лига ?

vardarfans-tekst

 -Се надевам дека во пролетниот дел од сезоната ке го повториме успехот со максимални бодови и ќе застанеме на првото место во детската лига.

7. Што ви ја одбележа 2016 година ?

-Тренирам напорно шест години и имам преголема желба да успеам да играм надвор од нашата држава, за некој светски клуб и да станам врвен фудбалер. 2016 година ќе ја паметам по нашите успеси, врвните резултати и по мојата добра игра.

15978503_750440368455965_28231442_n

Звонко Ивановски