Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар ги заврши подготовките во Охрид и се врати во Скопје
Вардар ги заврши подготовките во Охрид и се врати во Скопје

Вардар ги заврши подготовките во Охрид и се врати во Скопје

Фудбалкиот клуб Вардар ги заврши подготовките во Охрид, и вчера вечерта пристигна во Скопје, каде ќе продолжи да тренира пред стартот на новата натпреварувачка сезона во ВМФЛ.

Црвено-црните во подготвителниот период одиграа вкупно шест натпревари, против екипите на Локомотива (3:0), Скопје (0:1), ГФК Охрид (0:0), Пелистер (2:2, на пенали 5:4) и Егнатиа (0:0).

Вардар во летниот период се официјално се засили со Јован Попзлатанов, Симеон Христов, Филип Јаневски, Дарио Десниќ, Кристијан Николовски. Дали во Вардар ќе дојде уште некое ново име оставаме да видиме, додека стартот на сезоната во ВМФЛ е закажан за 13.август, кога Вардар ќе гостува кај екипата на Арсими.