Денес свој роденден прославува најмладиот од голман од триото на ЖРК Вардар, најдобриот кадетски голман во земјава, Вероника Ѓорѓиевска. Ова млада надежна голманка лани започна со настапите за сениорскиот тим, имаше впечатливи партии на домашна сцена, но и на меѓународните дуели, особено на гостувањето во Косово во европскиот предизвик на вардарки. Станува збор за квалитетен млад играч кој допрва треба да ги има најдобрите ракометни години.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ВЕРОНИКА!