Ново назначениот селекторот на Македонската фудбалска репрезентација Љубинко Друловиќ, денес го објави списокот на играчи за квалификацискиот натпревар Словачка – Македонија кој ќе се одигра на 14 јуни во Жилина .
На истиот се најдоа и двајца црвено-црни фудбалери од нашиот Вардар и тоа голманот Томе Пачовски и играчот од средниот ред Стефан Спировски . На дебито како кормилар на најсилната Македонска фудбалска репрезенација Друловиќ се одлучи на списокот да ги повика овие двајца наши фудбалери и ако се очекуваше повик за уште некој вардров фудбалер тоа не се случи . Пред се Блажевски и како и претходниот селектор и овој не ги покани играчите од одбраната на црвено-црните Попов кој влезе во ритам на крајот од првенството и Грнчаров за кој се очекуваше дека по промена на селекторот можеби ќе биде повикан , но очигледно е во ФФМ нов селектор исти навики исти имиња .