Вардарфанс.мк дознава, прв кој ќе си замине ова лето од Фк Вардар ќе биде напаѓачот Илчо Наумоски.
Откако му заврши договорот со нашиот тим, јасно беше дека Илчо ќе си замине од Вардар.
Тој се здоби со тешка повреда, и по таа повреда не успеа да се рехабилитира навреме, или да добие шанса од тренерот Андреев.
Останува во наредните денови клубот да му се заблагодари на услугите на Наумоски, за овие години поминати во црвено – црниот дрес.
Инаку договорот им истече и на Бојовиќ и на Деспотовски.
Фото: fkvardar.mk