Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар јуниор обезбеди пласман во Супер-лигата за следната сезона
Вардар јуниор обезбеди пласман во Супер-лигата за следната сезона

Вардар јуниор обезбеди пласман во Супер-лигата за следната сезона

Следната сезона дефинитивно ќе имаме две екипи на Рк Вардар кои ќе се натпреваруваат во Супер-лигата. Вечерва вториот тим на Вардар го одигра последниот натпревар во првата лига, против екипата на Младост и со победа ја заокружи успешната сезона. По само една година помината во првата лига, избраниците на Пепи Манасков се селат во најсилната машка ракометна лига. Како и во текот на изминатава сезона, така и вечерва без поголеми проблеми, црвено-црните остварија висок триумф. Совладан беше тимот на Младост со резултат 36:20.

vardarfans pepi

Уште по првото полувреме беша најавена високата победа, кога на пауза се замина со двоцифрена предност (20:10). Во вториот дел, само го зголемувавме водството за на крај да биде остварена нова победа. Со максимален ефект е завршена сезоната, без ниеден пораз за Вардар јуниор. На денешниот дуел најефикасни беа Поповски со 6, крилата Недановски и Јовчевски постигаа 5, односно 4 голови. На крајот беа доделени медалите и пехарот за шампионскиот тим на Манасков.

Вардар: Чаневски, Ивановски, Костовски 4, Спасовски 1, Вујачиќ 4, Недановски 5, Ѓеорѓиев 1, Чурлевски 3, Ангелов 2, Јовчевски 4, Андовски 2, Органџиев 1, Тренчевски, Ристов 3, Поповски 6.