Натпреварот од предпоследното коло во супер-лигата, помеѓу екипите на Металург и Вардар ќе се одигра во недела со почеток од 16 и 30 часот. Има поместување на истиот, кој претходно беше закажан за 17:00. На овој дуел, Вардарци и теоретски со победа можат да ја осигураат титулата. Црвено-црните на првиот меч одигран во С.Ц. Јане Сандански забележаа убедлив триумф, изразен со позитива од осум гола разлика.
Очигледна е разликата во квалитет помеѓу овие два тима оваа сезона. Вардар не би требало да има посериозни проблеми на овој натпревар и треба да забележи убедлива победа, со што успешно би ја заокружиле оваа сезона. Овој дуел ќе се емитува директно на МТВ. Мечот од последното коло против тимот на Радовиш е закажан малку порано од планираното. Истиот ќе се одигра во понеделник во Јане Сандански.