ФК Вардар веќе 10-сетина дена е на заслужен одмор, додека пак управата на клубот прави анализи околу новите играчи кои би можеле да го засилат нашиот тим за пролетниот дел од сезоната. По новата година, црвено – црните момци ќе имаат уште 10-сетина дена релаксација. Првата прозивка на Седлоски во новата година би требало да биде на 11-ти јануари, кога сите играчи на ФК Вардар ќе треба да ги минат медицинските прегледи.
Како што е добро познато, веќе објавивме дека ”црвено – црната експедиција” ќе замине на зимски подготовки во топлата Анталија. Очекуваме тоа да биде потврдено официјално и од ФК Вардар. Неофицијално дознаваме дека љубителите на ФК Вардар, оваа зима ќе можат сите пријателски натпревари да ги проследат на видео стрим на ФК Вардар, директно од Турција.