Денес во спортскиот центар Јане Сандански, сојузот на спортови на град Скопје ги избра најдобрите на спортски план во годината која полека изминува. Шпанскиот стратег на клупата на Рк Вардар, Раул Гонзалес го доби признанието за најдобар тренер кој работи во Македонија.
Машкиот и Женскиот ракометен тим на Вардар се убедливо најдобри во Македонија. Со ова само продолжија наградите за црвено-црното семејство. Претходно признанија за најдобри добија Арпад Штербик, Стојанче Стоилов и Бобан Грнчаров.