Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Препознатливата песна јави се јужна овој пат нема да ја има
Препознатливата песна јави се јужна овој пат нема да ја има

Препознатливата песна јави се јужна овој пат нема да ја има

Денеска од управата на Вардар излегоа со соопштение околу цените на билетите и сместувањето на гостинските навивачи за натпреварот помеѓу екипите на Вардар и Фенербахче. Чудно, на овој натпревар армијата на “црвено – црни” навивачи на Вардар нема да може да биде сместена на јужната трибина. Како што велат од Вардар, “југот” ќе биде резервиран за гостинските навивачи.

Оваа информација предизвика голем број на негативни реакции кај “црвено – црните” навивачи. Како што може да се прочита преку нивните коментари, повеќето навивачи се револтирани од информацијата дека нема да можат да бидат сместени на својата јужна трибина, отколку околу цените на билетите.