ФК Вардар од утре ќе ги пушти во продажба билетите за натпреварот Вардар – Фенербахче кој ќе биде одигран на 17-ти месецов на Градскиот стадион во Скопје. Од ФК Вардар велат:
Цената на билетите ќе изнесува 2.000, 2.500 и 3.000 денари.
ВАЖНА НАПОМЕНА: Имателите на Вардар ПАС билети, оние гледачи кои беа пристугни на натпреварите со Копенхаген или Малме во ЛШ, и оние кои што ќе приложат билет од некој од минатосезонските натпревари на ФК Вардар, имаат 50% попуст при купување на билет. За нив билетите ќе чинат 1.000, 1.250 и 1.500 денари.
При купување на билет, секој ќе мора да приложи документ за идентификација (лична карта, пасош).
Поради големиот интерес и од безбедносни причини, јужната трибина на „Телеком Арената“ ќе биде резервирана за навивачи на Фенербахче. Навивачи на Вардар и неутрални гледачи, можат да купуваат билети само за западната и за северната трибина од стадионот.