Од КК Вардар заминаа уште двајца млади играчи. Дамјан Робев и Јетмир Зекири кариерите ќе ги продолжат во новиот прволигаш, тимот на КК Гостивар.
Робев изминатата сезона во дресот на Вардар одигра 18 натпревари и имаше просек од 6.9 поени, 3.1 скокови и 1.8 асистенции по натпревар. Зекири пак, имаше просек од 9.2 поени и 5.3 скокови по натпревар. Покрај овие двајца играчи, тимот на Вардар го напушти и Митев, кој замина во МЗТ.